fbpx

ЈП„Улици и Патишта“ и во време на криза со добивка од речиси 29 милиони денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Град Скопје објави кратки податоци за јавните претпријатија и нивните добивки и загуби во првата половина од 2021 година.

Според тоа, во првото полугодие од 2021 година, вкупните приходи и други приливи, се остварени во износ од 3.153.123.761,00 милијарди денари, што претставува остварување од 43,7% во однос на планираното. Остварувањето на приходите и приливите во вкупниот буџет на Град Скопје со вториот квартал од 2021 бележи позитивна динамика на пораст. Споредено со истиот период од 2020 година, остварените приходи и приливи со вториот квартал од 2021 се поголеми за 17,8%.

Во структурата на приходите на Град Скопје во првата половина на 2021 година најголем удел имаат даночните приходи (42,6%), трансфери и донации (41%), капитални приходи (4,7%), домашно задолжување (7,8%) и неданочни приходи (3,8%).

ЈП „Улици и патишта“ во првата половина од 2021 година бележи вкупни приходи во износ од 158.903.692 денари и вкупни расходи од 130.051.242 денари. Во првата половина од 2021 година ЈП „Улици и патишта“ бележи добивка од 28.852.450 денари.

Последни вести