fbpx

Граѓаните препознаваат кој го слуша нивниот глас – продолжуваат маалските средби на социјалдемократите

Facebook
Twitter
LinkedIn

СДСМ продолжува со маалските средби со цел заедно со граѓаните да ја креира понудата која ќе биде најдобра за секоја општина, за секој град. Заменик претседателката на партијата, Сања Лукаревска од Аеродром порача дека СДСМ во континуитет е со граѓаните, но и го го слуша нивниот глас, нивните барања, потреби и сугестии.

„Токму поради ваквиот пристап на СДСМ го нудиме најдоброто за секоја општина, за секое маало и поради тоа сме апсолутни фаворити во сите општини каде имаме свој кандидат. Разликата помеѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ е јасна и видлива, за само 4 години изградивме и реконструиравме 60 градинки, ја зголемивме просечната нето плата за 6.553 денари, а минималната плата од 9.000 денари во 2017 година, денес таа изнесува 15.200 денари, ние градиме едно општество за сите, а ВМРО-ДПМНЕ нуди враќање во темното минато на поделби и режимско владеење“, порача Лукаревска.

Од друга страна, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на маалската средба во Центар истакна дека во сите општини во градот се реализирале повеќе капитални проекти, а тоа граѓаните го препознаваат.

„СДСМ е фаворит на претстојните избори. Без разлика дали станува за извршната власт или за локалната самоуправа, СДСМ секогаш ги следи интересите на граѓаните и има висок степен на реализација на проектите. За нас секој човек е важен, секоја општина е важна“, посочи Шилегов.

Последни вести