fbpx

Бит-пазар добива нов лик – подобрите услови за живот и инвестициите во инфраструктурата во општините остануваат главен приоритет на Владата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Владата ги поддржува капиталните инвестиции, кои имаат трајна вредност и ги подобруваат условите за работа на граѓаните, порача премиерот Зоран Заев, по повод новата инвестицијата во износ од 250 милиони денари за реновирањето на Бит-пазар. Тој кажа дека главна цел на Владата е зајакнување на инфраструктурата и подобрување на условите за живот како на централно, така и на локално ниво.

„Владата создава услови за развој и подобрување на деловниот амбиент, за сите претпријатија, микро, мали, средни и големи, истите да растат и да бидат двигатели во своите општини. Развиени општини, значат силна економија. Продолжуваме континуирано да се залагаме за рамномерен регионален развој и јакнење на инфраструктурата на општинско ниво“, потенцира Заев.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, истакна дека оваа инвестиција е од огромно значење за нашиот град, бидејќи претставува огромен чекор напред и во уредувањето на овој простор кој овозможува подобри услови и за пазарџиите и за нашите сограѓани кои секојдневно ги користат нивните услуги.

Инаку, од Владата дополнуваат дека во насока на подобрување на инфраструктурата на централно и локално ниво за само четири години изградени се: 60 градинки, 80 училишта, 56 објекти за полицијата и 34 здравствени установи, а дополнително се градат над 1.040 километри патишта.

Последни вести