Невработеноста за вториот квартал од 2021 година е на историски најниско ниво од 15,9 проценти и во споредба со истиот период лани е намалена за 4,8 проценти, информира Зоран Заев.
„Стапката на вработеност од крајот на 2020 година наваму расте со темпо како и пред пандемијата, со раст од 1,5% во последните три квартали. И понатаму стапката на вработеност е доста висока кај мажите, на ниво од 55,8 проценти и е многу блиску до просекот на ЕУ (60 отсто), за разлика од жените кај кои оваа стапка изнесува 38,7 проценти“, напиша Заев на фејсбук.
Дополнително, со мерките спроведени од институциите предводени од СДСМ стапката на невработеност на младите падна на 29 проценти, од 42 проценти, колку што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ не го слушаше гласот на младите, мислеше само на наместени тендери, провизии, на полнење на своите џебови со народите пари, додека младите чаре бараа во странство и масовно се иселуваа во потрага по подобар живот“.