fbpx

Промоција на демократските вредности и активна транспарентност во борбата против дезинформациите и лажните вести

Facebook
Twitter
LinkedIn

„Владите, граѓанските и меѓународните организации кои се обединети во заедничката борба против дезинформациите, наместо да живеат во страв, треба да бидат проактивни во промоцијата на демократските вредности и со активна транспарентност да ги елиминираат влијанијата на дезинформациите“ кажа Националниот координатор за стратешки комуникации во Владата на Северна Македонија Марјан Забрчанец на панелот на тема „Во борба против дезинформациите со информации: Обезбедување безбедност преку факти“, во рамки на Бледскиот стратегиски форум кој оваа година беше посветен на „Иднината на Европа“.

Лажните вести не се новост за земјава, која беше изложена на дезинформации во случаите со уставните промени и референдумот, Договорот од Преспа, изборните периоди, како и мигрантските кризи.

За да се елиминираат лажните вести и на креаторите на дезинформации да им биде потешко да манипулираат треба на граѓаните да им бидат дадени на увид сите факти, а информациите најтранспарентно да се обезбедат, продуцираат, публикуваат и промовираат.

Последни вести