Владата ја разгледа и усвои Информацијата за донесување на Долгорочна стратегија за климатска акција со Акциски план со која се дефинира придонесот на Северна Македонија во глобалните напори, преку патот кон зелен, ниско јаглероден и климатски отпорен развој, заснован на најдобрите достапни информации и во контекст на пристапувањето на земјата во Европската Унија.
„Согласно Парискиот договор, донесувањето на јасна Долгорочна стратегија за климатска акција со Акциски план е чекор кон постигнување на целта за ограничување на глобалното зголемување на температурата за 1,5-2ºС со нула емисии на стакленички гасови до средината на 21-от век“, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.