fbpx

Филипче покажа што значи личен интегритет и чувство за морална одговорност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Министерот за здравство Венко Филипче, како и заменик-министерот Илир Хасани и првите луѓе на тетовската болница Флорин Бесими и Артам Етеми, покажаа човечки и професионален интегритет и чувство за морална одговорност, депонирајќи оставки на премиерот Зоран Заев.

Филипче потенцираше дека како лекар и министер има интегритет, а оставката до премиерот Зоран Заев ја понудил од морални причини. Министерот потенцираше дека трагедијата со пожарот во тетовската болница многу го погодила и изрази сочувство до семејствата на загинатите.

„Жалам за загинатите, сочувствувам со семјствата. Нема зборови што тоа може да го опишат, ниту начин да се надомести загубата“ кажа Филипче.

Иако причините за пожарот треба да ги даде независната истрага, од морални причини оставка даде и заменик-министерот Хасани, кој истакна дека иако нема никаква врска со процедурите за формирање, изградба и организација на модуларната болница, дава оставка од почит кон жртвите, повредените, јавноста и себеси.

Голем број на пациенти, колеги, соработници и сопартијци на Венко Филипче му изразија јавна поддршка, со став дека неговата оставка не треба да се прифати.

Последни вести