Соопштение за јавност
ВМРО ДПМНЕ трет ден по ред ја замајува јавноста со лажни вести и дезинформации за модуларните болници. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски продолжува да тера политиканство, злоупотребувајќи го трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во очаен обид да спечали некој полтички поен.
Додека трае истрагата која треба да ги даде сите одговори во врска со пожарот, од Белата палата продолжуваат да манипулираат и шпекулираат, злоупотребувајќи ги чувствата на блиските на загинатите во пожарот.
На ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им е грижа за граѓаните, ниту за здравствениот систем, што впрочем го повторуваат цело време од почетокот на пандемијата, со лажни вести, саботирање, кршење на мерките, континуирано поткопување на напорите за справување со коронакризата и опструкции.
Таквото неодговорно и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе биде казнето од грѓаните, како и на сите досегашни избори во изминатите четири години.