fbpx

Државата има пари за сите, над 230 милиони денари исплатени на околу 5 000 земјоделци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во изминатата недела на сметките на 4.846 земјоделци легнаа 230,1 милион денари за субвенции по повеќе основи, соопштија од Платежната агенција.

Градинарите кои оствареоното производство го предале во преработувачките капацитети добија по три денари за килограм. Од оваа мерка на сметките на 3.310 граѓани се префрлени 168,9 милиони денари.

Претходно беше исплатена и финансиката поддршка за градинарите кои минатата година имаа произведена зелка во периодот од 5 април до 5 мај. Тие, исто така, добија дополниелни три денари за килограм.

Како што соопшти директорот на платежната агенција, Никица Бачовски, исплатени се и субвенциите за земјоделците кои произведените овошни култури ги предале во преработувачките капацитети. 172 овоштари добија плус по три денари за килограм произведено и предадено овошје, а вкупната исплатена сума за оваа мерка изнесува 16,7 милиони денари.

Бачовски најави дека исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи за сите кои стекнале право за добивање финансиска поддршка и не се должници за вода, пашарина или закуп на земјоделско земјиште.

„Земјоделците се наш партнер, нивно е да произведуваат квалитетни култури а Владата и Агенцијата ќе продолжат да креираат мерки и политики кои ќе овозможат поволни услови за развој на агро – секторот“ истакна Бачовски.

Последни вести