Претставници на винарските визби и министерството за земјоделство договорија зголемување на откупните цени на грозјето, со цел заштита на произведувачите.
Новата откупна цена на „смедеревката“ изнесува 10 денари, додека за сортата „Вранец“ винариите ќе исплаќаат по 12 денари. Истовремено, министерството најави дека ќе ја продолжи и дополнителната мерка од 2 денари директно за лозарите.
На сите лозари кои предале грозје под овие цени, разликата ќе им биде надоместена во следниот период од страна на винариите. Во договорот меѓу министерството и винарските визби беше потенцирано дека ќе се откупи целата количина на произведено грозје.