fbpx

Германските форензирачи ќе помогнат за побрзо и поефикасно завршување на истрагата за трагедијата во Тетово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Како помош за истрагата која ги испитува причините за пожарот кој ја зафати модуларната болница во Тетово во кој настрадаа 14 лица се вклучија четворица германски форензичари. Тие пристигнаа со сопствена опрема и задача да откријат како, кога и зошто избуваал пожарот.

Во експертскиот тим, кој е дел од германската Сојузна криминалистичка полиција која работи на национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој се вклучи двајца форензичари за истрага на пожар, а двајца се форензичари за ласерско мерење и фотографирање на просторот.

Претходно, македонските обвинители издадоа осум наредби за собирање на мтеријални докази и сослушување на очевидци и вработени во болницата.

Последни вести