fbpx

ФИТР со нов повик ги мотивира компаниите да вложуваат во општеството и природата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Крај на сиромаштијата во сите нејзини форми, крај на гладувањето, безбедност на храната, подобрување на исхраната, како и промоција на одржливо земјоделство, се дел од целите на најновиот повик за социјално претприемништво на Фондот за иновации и технолошки развој. Намерата на проектот е наместо само кон профитот, компаниите да бидат свртени и кон природата, општеството, човекот, а претприемачите, посебно младите, својот иновативен капацитет да го стават во функција не само на својата компанија, туку и на својата заедница.

„Горд сум што првпат инвестираме во развојот на социјалното претприемништво и што Фондот првпат нуди решенија за некои од клучните предизвици со кои се соочува социјалното претприемништво во земјата, како недостатокот на поддршка за финансирање и способност за скалирање односно подигање на работењето на следното ниво. Преку овој Предизвик, со создавање вистински деловен модел и стратегија, им помагаме на социјалните претприемачи да создадат модел кој е истовремено влијателен но и финансиски одржлив“, рече директорот на ФИТР, Коста Петров.

Повикот проектиран на шест милиони денари поддршка, е отворен за здруженија на граѓани, за трговски друштва кои во моментот на аплицирање постојат не повеќе од шест години, како и за тимови составени од две до пет физички лица. Објавен е на 9 септември, а а крајниот рок за аплицирање е на 22 октомври 2021 година до 14.00 часот.

Последни вести