fbpx

Шахпаска: Ефикасните мерки против коронавирусот овозможија здравствениот систем да не биде оптоварен и да ги заштитиме ранливите граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

 

Владата предводена од СДСМ презеде навремени и ефективни мерки за заштита од корнавирусот. Тие мерки овозможија ниту педесет проценти од капацитетите на инфективните одделенија во текот на здравствената криза да не бидат пополнети, навреме беа затворени границите, училиштата, градинките, посебни категории граѓани беа ослободени од работа, порача пратеничката на СДСМ Јагода Шахпаска, во емисија за ТВ 24.

„Јас како медицинско лице дијагностицирав пациент со Ковид 19, дадов упат за болница, ги почитував препораките на Министерството за здравство, како институција ја имаме потребната заштитна опрема и немаше опасност да се заразам. Тоа говори колку е сериозен пристапот за обезбедување протоколи и опрема, но секако секој од нас носи и лична одговорност“, рече Шахпаска.

Одговорност треба да преземе министерот за внатрешни работи Наќе Чулев затоа што не презема конкретни мерки за почитување на препораките да нема групирање, како што беше литијата во Струга.

„Здравствените институции се на ниво на задачата, но за жал морам да констатирам дека сериозен проблем за државата е што немаме функционално Собрание, нема контрола над Владата. ВМРО-ДПМНЕ прави се за да ги одложи изборите и сака целосно да го блокира системот“, додаде Шахпаска.

 

Последни вести