Соопштение за јавност
Кандидатот за градоначалник на град Скопје на СДСМ и Коалицијата Петре Шилегов на денешната промоција во Скопје и се обрати и на имаме кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска која ги убедува граѓаните дека била добар менаџер и дека била независна.
Драга Данела за жал, не само што не си независна, туку зависиш од оние кои го уништија градот до непрепознавање. Твоите спотови се платени и потпишани од истите луѓе, кои потрошија 680 милиони евра на лажен барок. Ти зависиш од најкорумпираната партија во Европа, рече Шилегов.
Тој нагласи дека Арсовска, со неиздржани и паушални ветувања се обидува да им се додвори на скопјани.
Добар менаџер нема да ветува проекти кои значат банкрот на Скопје а денеска твоето прво ветување за бесплатен јавен превоз е токму тоа. Добар менаџер нема да гради програма која е целосно неиздражана без познавање на финансиите на градот и како воопшто институцијата функционира. Добар менаџер на крај, не ветува брзи решенија, туку темелно долгорочно планира и реализира.
Скопје не смее и нема да биде уште еден експеримент на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје не е сопственост на ниедна партија туку на граѓаните и ги повикувам сите моите противкандидати да не ги потценуваат граѓаните, порача Шилегов.
Тој нагласи дека за разлика од овие неодговорни ветувања, стои неговиот реален и проверен план како и стручен тим со кој тоа ќе биде реализирано.