fbpx

Претседателот Заев од Велес: Ние ги слушаме потребите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го слушаат Груевски и сакаат да се врати минатото

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Ние не ги трошиме парите на граѓаните на лажен барок, камен и бронза, туку градиме патишта училишта и градинки, инфраструктура што живот значи, галиите и жалните врби ги заменуваме со водоводи, пречистителни станици, велосипедски патеки за општините и граѓаните, порача денеска од Велес“, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Тој нагласи дека тоа е една од клучните разлики помеѓу нас и ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние ги слушаме потребите на граѓаните, тие го слушаат Груевски и ги полнеа џебовите на Фамилијата“, рече Заев, додавајќи дека ова ВМРО-ДПМНЕ, од кое 2/3 се обвинети за криминал и корупција, се расфрлува со петоцифрени бројки за некакви идни проекти, во некоја нова иднина.

„Не, не. Тоа што Мицкоски го зборува не се бројки на проекти – пари се, замислени милиони, за во нивните џебови, за провизии, тајни набавки и криминал и одовде упатувам порака до сите, да не им падне на памет, ајде да сработиме и за Велес и за татковината и те како можеме да бидеме Швајцарија на Балканот“, порача Заев.

Тој нагласи дека стари режимски кадри ниту можат ниту сакаат да донесат нова иднина!

„Додека не се реформираат, додека не гледаат на граѓаните еднакво, додека не се посветат на чесна политика, транспарентно и одговорно да ја прифатат реалноста дека НАТО, ЕУ, договорите со соседите, заедништвото, е за поголем стандард на граѓаните, за поголема среќа ќе губат избори и ние ќе ги победуваме, победуваме и овде во Велес“, подвлече Заев.

Тој истакна дека тие три П што ги зборува Мицкоски, му се таман за ППП, за платена политичка програма.

„А за патриотизмот за којшто зборува – го слушаме вчера вели патриотизам било повеќе пари, нови инвестиции, нови работни места – е па Добро утро од зимскиот сон Мицкоски“, рече Заев, не вреди да правиме експерименти, Мицкоски ќе ги ништи договорите со Грција и Бугарија, ќе ја скара нашата земја пак со соседите, ќе го подрива соживотот, ќе ги комплицира евро-атлантските интеграции.

„Работиме за народот и државата, тоа е патот, друг пат нема, со тоа кавги и дома и надвор не одат заедно со нови работни места, со повисоки плати за младите, со избор и опции на работни места, не оди тоа едно со друго господине Мицкоски, за тебе и ова ВМРО-ДПМНЕ само едно П е важно – пари во вашите џебови“, порача од Велес претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Последни вести