fbpx

Лукаревска во Македонска Каменица: Имаме успешен попис, имаме план за развој, имаме добри проекти, го имаме „Најдоброто“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Да ја чекавме нивната иднина сеуште ќе немавме попис. Опструираа, собираа потписи, манипулираа, само за да не успее. Граѓаните покажаа одговорност кон иднината на својата државата. Успешно ја спроведовме најголемата, најмасовната статистичка операција, за да можеме како сите други држави да планираме развојни политики, да обезбедуваме квалитетни услуги, да се грижиме за нашата иднина, покажавме дека имаме капацитет и цврста волја оваа наша, единствена Татковина, да оди напред“, рече Лукаревска на трибината во Македонска Каменица.

„Изминатите 4 години се работеше вредно и напорно, со силна поддршка од централната власт. Таа силна динамика мора да продолжи. Никој не смее да ги кочи проектите на општините.

Во Македонска Каменица, Владата предводена од СДСМ изминатите 4 години инвестираше 4.6 милиони евра во развој на 7 километри патна инфраструктура на Општина Македонска Каменица, со средствата од ТАВ инвестираме во изградба на комунална инфраструктура за индустриската зона во вредност од 5.4 милиони денари, создаваме услови за изградба на нови погони и производствени капацитети, се грижиме за развојот.

Заменик-претседателката на Социјалдемократскиот сојуз Сања Лукаревска во Македонска Каменица ги повика граѓаните да гласаат за актуелната и идна градоначалничка, Соња Стаменкова и за советничката листа на СДСМ и коалицијата предводена од д-р. Драги Стојковски.

Почитувани мои Каменичани, промените се започнати и нема враќање назад.

Немаме време за невреме, немаме време ни за добро, сега е време за „Најдоброто“.

Ние сме победници зашто Македонска Каменица знае да победува.

Последни вести