fbpx

Заев од Велес: НАТО е и инвестиции, да продолжиме по вистинскиот пат на развојот, да заокружиме број 12 за „Најдоброто“!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Не случајно се решивме да ги решаваме отворените прашања и да ја отвориме евроатлантската перспектива, денес НАТО носи безбедност но носи и инвестиции“, порача претседателот Зоран Заев вечерва од Велес.

„НАТО е и инвестиции. Денеска можеме да се пофалиме со нови договори од 500 мегавати ветерници во државата, од 1.600 мегавати фотонапонски централи. Денеска може да се пофалиме дека во овој момент се разговара со 30 џиновски странски компании, затоа што е сигурно, затоа што е безбедно, затоа што градиме пријателство со целиот свет, затоа што низ дијалог, низ дипломатија ги решаваме проблемите, затоа штом водиме мудри политики, затоа што работиме за народот и државата. Тоа е патот и друг пат нема“, порача Заев.

Претседателот Заев од граѓаните побара силна поддршка за кандидатот Ненад Коциќ за Велес и за СДСМ за останатите општини.

„Драги мои велешани, запаметете го бројот на гласачкото ливче кој ќе ви го донесе најдоброто за вас и за вашата општина. Одговорете си на прашањето за да ви биде полесно. Колкумина биле велешките гемиџии? – 12. Колку песни има во збирката ,,бели мугри” на велешанецот Кочо Рацин? – 12. Е токму 12 часови ќе имате на располагање на денот на изборите за да го заокружите бројот 12, и да го добиете најдоброто за вас и за вашата општина. За најдобрите решенија за Велес – број 12 за доктор Ненад Коциќ! За најдоброто за сите во државата – број 12 за СДСМ и Коалицијата!“, повика Заев во Велес.

Последни вести