fbpx

Заев: Нека е аирлија народе, во едната рака имаме НАТО, а во другата успешен попис!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Првпат по 20 години државата спроведе успешен попис – 1.832.696 граѓани се попишаа, односно над 99 проценти од граѓаните. Ова е голем успех, огромен успех, истакна премиерот Зоран Заев, по завршувањето на статистичката операција. Тој кажа дека веќе не сме единствена држава во светот без спроведен попис и веќе не одиме низ магла, туку добиваме јасни и прецизни податоци на кои ќе се темелат идните политики.

„Правецот е јасен со најдоброто одиме напред. Република Северна Македонија денеска е слободна демократска држава, држава членка на НАТО, држава почитувана во регионот, во Европа и во светот. Во една рака имаме успешен попис, во друга рака имаме НАТО“, истакна Заев.

Според Државниот завод за статистика биле регистрирани и 568.175 домаќинства и 837.255 станови, како и 294.805 македонски државјани од дијаспората кои се самопопишале. Според директорот Апостол Симовски пописот е на ист ранг на успешност како и членството во НАТО, затоа што статистиката е една од поглавјата кои што се врзани со процесот на пристапување кон ЕУ.

„Клучен фактор за напредок во поглавјата е спроведувањето на попис. Премиерот не претерува кога ги изедначува овие два процеса“, тврди Симовски.

Последни вести