Соопштение за јавност
На денешната граѓанска трибина Најдоброто за мојата општина кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата Димче Шипинкаровски порача дека неговата желба е да ја види Општина Струга уште поубава, уште покосмополитска, уште пообединета во различностите што Струга ја прават особено автентична и привлечна и, секако, уште поотворена за туристите од цела Европа и целиот свет.
Тој пред стружани ги презентираше и петте клучни проекти за Струга за кои вети дека ќе ги искотисти сите капацитети и ќе ги реши проблемите на стружани и стружанки бидејќи Струга го заслужува Најдоброто.
Промена на дотраената водоводна и канализациска мрежа, како и изградба на нова во руралните населени места, реконструкција на градскиот пазар, како и зградба на Градска марина и уредување на речното корито на реката Црн Дрим со цел развој на туризмот преку целата година.
Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата ги повика стружани на обединување и сите заедно да го одберат бројот 12, за Најдоброто, за просперитетна Струга која ќе нуди можности за сите.