Соопштение за јавност
Со силна желба и голема упорност покажавме и докажавме што значи љубовта кон Охрид, ја раздолживме општината и преку ефикасен менаџмент реализиравме проекти кои беа ветувани со децении, Охрид доживеа вистински развој, инвестиравме во инфраструктурата, во обрзованието, во проекти за младите и секаде каде што е потребно, направивме квалитетна разлика и создадовме нови можности и за охриѓани и за туристите, вложени се средства како никогаш до сега, а нашата работа е видлива на дело, порача вечерва пред своите сограѓани, кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Охрид Константин Георгиески.
Тој нагласи дека во изминатиот период се преземени одлучни чекори за зачувување на статусот на УНЕСКО за Охрид .
Бевме соочени со големи притисоци, но не дозволивме никој да ја сопре нашата решителност. Постапивме и ги спроведовме сите препораки за заштита на крајбрежјето на Охридското Езеро. Нашите заложби беа поздравени од сите меѓународни институции, релевантни експерти и на крајот јасно валоризирани од УНЕСКО, дадовме вистински пример за владеење на законите и покажавме дека правната држава е над сите лични и бизнис интереси на поединци, нагласи градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
Тој истакна дека на опозицијата и пропаднаа сите обиди за дисквалификација и креирање на лажни слики за хаос, затоа што граѓаните и туристите изминатото лето уживаа во слободните плажи, без диви градби и бетон.
Додека јас решавав проблеми и реализирав проекти, оние другите, седеа зад тастатурите, пишуваа лаги и критикуваа. Но еве дојде време да се пресметаме, дојде време да ги соочиме фактите и да ја видиме вистината, дојде време на дела наместо на празни зборови, порача Георгиевски.
Во следните четири години продолжуваме со уште посилно темпо, да работиме на исполнување на препораките за заштита на природното и културното наследство, најави Георгиевски, додавајќи дека во континуитет се креираат проекти за квалитетна инфраструктура, подобро урбано планирање, заштита на животната средина, модерно образование, уредени плажи, современ туризам, побрз локален економски развој и социјална сигурност за сите.
Нашата цел е Охрид да прерасне во современ урбанизиран простор, културна и туристичка престолнина, рече Георгиевски и нема повторно да падне во рацете на политичките ученици на Груевски и Мицкоски, кои сеат лаги и се плашат од носење на вистински одлуки.
Го имаме најдоброто за Охрид! На 17-ти октомври да го заокружиме бројот 12, за најдобриот тим и за уште една голема победа за овој свет град! Охрид знае, Охрид памети, Охрид гледа, Охрид има градоначалник, повика кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата за општина Охрид Константин Георгиевски.