Соопштение за јавност-реакција на изјавата на Данела Арсовска
Нервозните реакции на кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска не можат да со сокријат фактот дека таа пред 10 години добила бугарско државјанство, а пред четири години добила и бугарска лична карта и сето тоа го криела од јавноста.
Тоа што има Арсовска е нејзино право, спорно е што крие од граѓаните и ги потценува.
Бадијала се лути Даниела или Данела и спомнува некаков алманах, поголем доказ за идентитет од лична карта нема.
Од вистината никој не побегнал.
Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје.