fbpx

Шилегов од Карпош: Во недела да продолжиме заедно да градиме заедничко Скопје, да не се враќаме назад во 2017 во делбите, стравот, немирот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Вашиот број овде вечерва гарантира дека вие сте тие кој што ја носите победата, победата за нашиот Карпош, победата за нашето Скопје, после првиот изборен круг стоиме овде исправено да би кажеме дека го сфативме гневот, ја сфативме пораката, спремни сме да ги извршиме сите промени кои се неопходни во нашата држава, во нашиот град, во нашата општина, порача кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов пред граѓаните на Карпош.

За да можеме да дојдеме до тоа треба да го зачуваме Карпош, треба да го сочуваме Скопје бидејќи после и првиот изборен круг веќе се е јасно, имаме едноставен избор, дали сакаме градот да го движиме напред да постане модерна европска престолнина или да го вратиме назад во лагите, во стиропорот, во митовите и бронзата лажна која што ни ја сервираа, повика Шилегов, додавајќи дека џабе се кријат позади т.н независни кандидати.

Не поминаа неколку дена од првиот изборен круг и ги видовме какви се они всушност, какви се они во својата душа, и велат Скопје бил вмровски град, не, Скопје не е вмровски град, Скопје не е сдсмовски град, Скопје не е на ниту една политичка партија, Скопје е на вас граѓаните, нагласи Шилегов.

Тој истакна дека во изминативе 4 години сите скопјани силно и храбро го придвижија овој град напред, преземени се смели чекори, чекори кои што гарантираат дека Скопје 4 години од сега ќе биде дефинитивно една поинаква успешна приказна, дека Скопје ќе биде модерен и европски град.

Денеска се распиша тендерот конечно, после 40 години конечно распишан е тендерот за БРТ, државен проект потпомогнат од владата, она што 40 години нашите претходници, она што 27 години ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го направи, за 2 и пол години го доведовме до реализација, со тие два коридора, со БРТ во средина Скопје ќе стане град со најголема пешачка зона во Европа, најави Шилегов.

“Мирот стабилноста и сигурноста е нешто што доаѓа со нас, и затоа драги пријатели едноставен е изборот, две се опциите на 31 октомври, се враќаме назад во 2017 во делбите стравот, немирот, или продолжуваме заедно да градиме заедничко Скопје, каде што луѓето се битни заедничко Скопје кое што ќе биде модерно, европско, посветено на сите граѓани порача кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов вечерва пред граѓаните на Карпош.

Последни вести