Изјава за медиуми, Сања Лукаревска, заменик претседателка на СДСМ
Штотуку го искористив своето право на глас и очекувам денешниов изборен ден да продолжи во демократска атмосфера и секој еден да биде на висина на задачата.
Локалните власти се првата отворена врата за граѓаните и денеска граѓаните ќе одлучат.
Вољата на мнозинството ќе го определи развојот на секоја општина и на градот Скопје и верувам дека тоа ќе биде патот по кој ќе продолжи напредокот.
Очекувам дека граѓаните ќе го искористат своето право, но и обврска да излезат и да гласаат.