Соопштение за јавност
Почитувани,
Имајќи го предвид интересот на граѓаните и актуелната политичка состојба во земјата, информираме дека во тек се секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство на СДСМ.
На денешниот состанок на раководство на СДСМ претседателот Зоран Заев информираше за консултациите и разговорите со коалициските партнери.
Парламентарното мнозинство е одговорно кон иднината на државата и народот и во оваа насока се разговорите со сите коалициони партнери од парламентарното мнозинство.
Претставниците на сите партии од парламентарното мнозинство потврдија дека мнозинството во Собранието е стабилно и изразија подршка на влада од оваа парламентарно мнозинство.
На Северна Македонија и е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните посебно во време на пандемијата и енергетска криза со јасен евроатлантски курс на дејствување.
Заедно со претседателот Зоран Заев, раководството работи на решенија и одлуки со кои СДСМ се реорганизира со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и секако да биде водечка партија во парламентарното мнозинство кое го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.
На денешниот состанок на раководството се утврдија следните чекори на партијата кои од наредната недела ќе бидат ефектуирани, за што јавноста, граѓаните, ќе бидат информирани.
Во врска со одредни шпекулации, напоменуваме дека согласно статутарните одредби на партијата, со оставката на претседателот Заев во оставка е и целото раководство на СДСМ.