fbpx

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се поразени, тие се срам, лажат и манипулираат, да им се извинат на граѓаните и да понесат одговорност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Срам е да го лажеш народот дека имаш мнозинство а во исто време да се покаже дека немаш.

Срам е да излезеш со тешко лажно обвинување, да лажеш дека е киднапиран пратеник, во исто време кога пратеникот изјавува дека е под закана од поединци токму од опозицијата.

Таа вистина сигурни сме дека ќе се потврди овие денови.

Срам е да велиш дека некој манипулира а во исто време со недели да ја манипулираш јавноста.

Срам е да седиш на иста маса со оние кои се против НАТО и ЕУ, против концептот едно општество, против правдата, а во исто време друг да ти биде виновен за тојот неуспех.

Срам е да велиш дека се црни денови за македонската демократија а не се извиниш за сите лаги и да поднесеш оставка.

Оние кои со меници држеа пратеници денеска полна им е устата со лаги и нови закани. Е тоа е срам.

Заканите на ВМРО-ДПМНЕ се показател за нивниот дебакл, за поразот на нивните лаги, за поразот на сите нивни невистини, манипулации…

Хритијан Мицкоски, Зијадин Села, и Билал Касами, треба да излезат пред граѓаните, да им се извинат и да понесат одговорност.

Граѓаните да бидат спокојни, СДСМ, заедно со сите демократски сили и пратеници ќе обезбеди стабилност и продолжување на напредокот на земјата

Последни вести