fbpx

Парламентарното мнозинство ќе расте, притисок врз Реџепи вршела опозицијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања, Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата

Ќе имате ли 61 пратеник?

Како што кажав и претходно, како што кажав дека прв пат се согласувам со една изјава на господинот Христијан Мицкоски ќе повторам уште еднаш дека не само што имаме туку кажувам дека ова парламентарно мнозинство ќе расте. Дозволете случувањата кои што ќе бидат во текот на утрешниот ден да ги добиете од оние кои што треба да ги соопштат, а јас секако како парламентарец и како координатор на пратеничката група во следниот период ќе излезам со сите нив заедно.

Дали знаете како е Кастриот Реџепи?

Кастриот Реџепи за него како колега, пратеник имам обратни информации од оние што ги споделува опозицијата, а обратни значи дека притисоците кон него се токму од нив. Очекувам Кастриот Реџепи во следниот период да излезе и точно да каже што е она што му се случувало во овој период и знам дека Кастриот Реџепи како човек кој што го познавам како колега во Собранието како колега пратеник е пратеник којшто не може да биде против ништо туку е за евопскиот пат и за евроатланската иднина на нашето движење.

Што ќе се случува ако немате такво мнозинство, значи буџетот не може да биде изгласан, немате ни просто мнозинство?

Мислам дека претходно одговорив на тоа прашање и кажувам дека мнозинството ќе расте и нема ситуација да нема ново мнозинство.

А што ќе се случува вечерва во Собранието, дали вие ќе влезете во салата, дали ќе се одржи седницата, дали ќе се гласа?

За тоа што ќе се случува вечерва во Собранието, нон-стоп сме во коодинација како пратеници од пратеничката група, што ќе се случува заедно ќе одлучиме со претседателот на Собранието, секако според деловникот седницата може да трае до 24 часот, ние сме тука, пратениците на владеачкото мнозинство се тука и одлуките ги носиме онака како што се движат настаните.

Дали имате гаранција зошто рековте дека се зголемува мнозинството, дека Кастриот Реџепи можете да го затворите во вашиот блок?

Јас мислам дека во овој период треба да оставиме работите да се случуваат сами по себе а вие како и секогаш досега ќе бидете известени на време.

Доколку вечерва треба кворум да направите, имате 61?

Значи вечерва ако може да влезе еден пратеник или двајца и тројца да направат кворум, за гласање на недоверба на владата треба обратно, 61 глас за недоверба на владата, а такви гласови како што гледате нема и нема да има.

Штом знаете дека имало притисоци од опозицијата значи сте имале контакт со Кастриот Реџепи денеска?

Значи јас кажав дека моите информации кажуваат така, јас лично сум немал контакт и очекувам дека господинот Кастриот Реџепи во најбрз период ќе ја информира јавноста и вас медиумите за се што се случува, што му се случувало него и зошто донел таква одлука.

Последни вести