fbpx

Димитриевски спроведува класичен реваншизам во општина Куманово

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Лажниот социјалдемократ Максим Димитриевски уште во првите денови започна со одмазда кон своите политички неистомисленици.

Над 20 вработени лица во Општина Куманово овие денови се распределени на пониски позиции или се преместени да работат на други локации.

Причината за преместувањата и деградирањата е само тоа што овие луѓе се истакнати активисти и членови на СДСМ.

Ова е класичен политички реваншизам и самоволие на градоначалникот Димитриевски, постапка која потсетува на едни режимски времиња.

Со ваквите постапки се покажа недемократското и неодговорно лице на Максим Димитриевски кој решил заради лични каприци, да се пресметува и казнува луѓе кои со години и децении работат во општината.

Јасно ни е дека Димитриевски ќе продолжи со притисоците, но и нему треба да му биде јасно дека со ваквиот однос нема да исплаши никого.

Кумановци и кумановки не попуштаат пред притисоци и закани, а Куманово е бастиниот на СДСМ и социјадемократијата.

На овој начин, Димитриевски не само што не може никого да заплаши, туку тој само си го покажа вистинското лице пред цело Куманово.

На крајот, апелираме до секој еден кој е под притисок на Димитриевски, истото да го пријави, СДСМ ќе стори се за да го заштити секој поединец кој се соочува со закани, со притисоци и уцени од страна на градоначалникот.

Времето на режимски постапки, на самоволие на функционерите заврши.

Последни вести