Соопштение за јавност
Излегува на површина нов скандал во кои се поврзани функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што е запознаена јавноста, лица купиле или добиле на дар парцели земјиште во општина Делчево. Истите парцели само неколку денови подоцна ги продале и за 40 пати повеќе од пазарната вредност за на нив да се изградат фотоволтаични централи.
Меѓу лицата опфатени со предистражната постапка на Управата за финансиска полиција е и таткото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.
Според информациите од истрагата објавени во медиумите, едно од лицата кои препродало земјиште е и извесен Влатко И. кој е дел од обезбедувањето на Христијан Мицкоски.
Другото лице кое препродавало ниви по 40кратно повисоки цени е извесен Дарко Т. советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Делчево од 2013 до 2017 година.
Мицкоски мора да одговори каква е неговата поврзаност и поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со овој скандал?
Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања?
Јавноста очекува одговори на овие прашања, а истрагата на надлежните институции треба да ги даде сите детали за овој случај.