fbpx

Kузеска на Само вистина: Мнозинството во Собранието ќе расте, во преговори сме со сите партии кои сакаат да го продолжиме патот кон ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Извесно е дека Реџепи останува во нашето мнозинство, извесно е дека мнозинството ќе расте и извесно е дека во четвртокот Христијан Мицкоски докажа дека нема мнозинство, тие три работи се извесни, порача вечерва во емисијата „Само вистина“ портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Таа посочи дека во следниот период парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе расте и ќе продолжи да работи одговорно и во интерес на граѓаните и државата.

„Убедени дека повеќето пратеници, повеќето политички партии се за прогрес и се за напредок на државата и дека сакаат стабилизација на ситуацијата, дека сакаат стабилизација посебно во овој период кога на граѓаните им е потребно да се однесуваме сите одговорно кога не очекува во пресрет на енергетска криза, живејачката на граѓаните, пандемијата. Убедени сме дека ќе расте мнозинството. Ние сме постојано во комуникација со пратениците кои го поддржуваат демократскиот блок и патот кон ЕУ, добрососедските односи и кои сакаат државата да продолжи напред“ истакна Кузеска.

Кузеска потврди дека следува средба со политичката партија Алтернатива, како и со други демократски и прогресивни пратеници.

„Средба со Алтернатива ќе има, во преговори сме и со партиите и пратениците кои сакаат да одат напред, кои поддржуваат НАТО, ЕУ, Преспанскиот и Охридскиот договор, а Мицкоски се обиде да злоупотреби и да ги прелаже дека има мнозинство, но вистината излезе на виделина“ заклучи Кузеска.

Последни вести