Соопштение за јавност
Наспроти празните зборови на Мицкоски фактите потврдуваат дека скандалот „Криминални парцели“ тежок 1.6 милиони евра, води до Белиот дворец.
Факт е дека телохранител на Мицкоски, Влатко Илиевски, е дел од препродавањето земјиште во Делчевско. Неговиот договор тежи неверојатни 500.000 евра.
Факт е дека меѓу лицата кои продавале земјиште по 40 пати повисока цена од пазарната е Дарко Т. поранешен советник во општина Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Факт е дека во аферата се вмешани и поранешниот претседател на УМС, Игор Г, но и татко на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се заеднички именител на сите овие имиња.
Очекуваме истрагата што ја водат надлежните институции да ги даде сите одговори, сите детали за овој огромен, милионски скандал.