Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Надлежната Собраниска комисија го усвои Предлог Законот за работни односи и даде зелено светло од први јануари да почне примената на законското решение недела да биде неработен ден.
Во интерес на работниците очекуваме Законот биде усвоен и на пленарна седница.
СДСМ стои зад работниците, сакаме заеднички да овозможиме позадоволни и попродуктивни работници и работнички на пазарот на труд од кои придобивки имаат сите.
Недела неработен ден и поголема минимална плата се социјалдемократски политики и затоа СДСМ со партнерите од Владата поднесе и силно ги поддржува измените на законите во интерес на работниците.
Право на Синдикатот е на свој начин да се бори за остварување на овие права и ние како партнер на синдикатите тоа го поддржуваме.
Граѓаните знаат дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица ги блокираа измените во Законот за работните односи, со што покажаа дека воопшто не им е грижа за работниците.
Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ силно е против зголемување на минималната плата.
Сега, со вклучувањето на Алтернатива се создадоа нови можности, зголеменото и стабилно парламентарно мнозинство да ги порази блокадите и опструкциите на опозицијата, да се обезбеди повисока минимална плата а недела да биде неработен ден!
Повисоките плати, поголема минимална плата, се еден од предусловите за задржување на нашите граѓани и граѓанки во државата.
Последното барање на Сојузот на синдикатите на Македонија е потпишување на Општиот колективен договор за вработените во јавниот сектор и К-15 за сите вработени.
Како социјалдемократска влада, нашата интенција е сите вработени да бидат третирани подеднакво и затоа се прават напори да се обезбедат финансиски средства за регрес за годишен одмор (К-15).
Ние сме солидарни со синдикатите, со работниците и работничките а заедништвото е тоа што ќе не’ донесе до нашата заедничка цел: подобар живот и повисок економски стандард за сите граѓани.