Изјава за медиуми на СДСМ, Сузана Трпковска, советничка во Советот на Општина Гази Баба
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Освен што ништо не работи во првите месеци од мандатот, општинската администрација во Гази Баба предводена од ВМРО-ДПМНЕ е легло на непотизам.
Мартин Десподовски е советник во Советот на општината, а неговата сопруга, Габриела Десподовска работи во одделението за човечки ресурси во општината.
Секретар на општината е Невенка Стаменковска Стојковска, а нејзиниот сопруг Дарко Стојковски е вработен во секторот за инспекциски работи.
Александар Каровски е советник и претседател на комисија за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животна средина, а неговата сопруга Тина Каровска е раководител на одделение за градежно земјиште во сектор урбанизам.
Ова почитувани, е пример за непотизам, пример за груба партизација на Општина Гази Баба која треба да им служи на сите граѓани.
Ова само покажува дека и на локално и на централно ниво во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена.
Партијата предводена од Христијан Мицкоски е симбол за непотизам и партизација на општините.
Општина Гази Баба предводена од Бобан Стефковски е легло на непотизам и не работи за граѓаните, туку за интересите на ВМРО-ДПМНЕ.