fbpx

Пропадна лага на Мицкоски дека цената на струјата ќе се покачи за 40 отсто

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми

Брзата реакција на Владата на Република Северна Македонија и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесоа да се спречи ценовен шок за граѓаните.

Покачувањето на цената на струјата за следната година ќе биде 9,48% што е далеку под првичните прогнози од над 25%.

Дополнително се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, евтината тарифа во недела и рестрикции нема да има.

Со цел да се помогне на потрошувачите од ранливата категорија граѓани, Владата дополнително обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на овие потрошувачи на енергија за 2022 година.

Почитувани граѓани,

Сите овие податоци, го демантираат Христијан Мицкоски кој свесно ја лаже јавноста, се обидува да креира паника кај граѓаните, кажувајќи дека цената на струјата ќе биде повисока до 40 отсто.

Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ свесно прогнозираат панични бројки и посакуваат тие да бидат точни.

ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски уште еднаш потврдуваат дека ниту се, ниту сакаат да бидат конструктивна опозиција во време на криза.

Лажеа во екот на пандемијата од КОВИД 19, лажат и сега.

ВМРО ДПМНЕ не мислат и не се грижат за граѓаните, туку свесно ја користат секоја криза, секоја можна прилика, да заработуваат евтини политички поени.

Почитувани,

СДСМ како партија која се води од интересите и доброто на граѓаните и државата, ќе продолжи со креирање мерки со цел намалување на последиците предизвикани од енергетската криза. Никој не е сам.

Благодарам

Последни вести