Соопштение за јавност
Речиси пет години ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски ја блокира изградбата на нов современ Клинички центар кој треба да пружа целосно интегрирани здравствени услуги.
Претходно, ВМРО-ДПМНЕ како власт речиси десет години ја лажеше јавноста дека само што не изградиле нов Клинички центар во склоп на комплексот клиники. Зад таа лага со години сведочеше оградена парцела со лимени тараби.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со Левица сега ги кочи и измените на Законот за здравствена заштита со кои граѓаните добиваат поквалитетни здравствни услуги.
Тоа е односот на ВМРО-ДПМНЕ кон јавното здравство, кочат и блокираат закони, шират лажни вести и ја злоупотребуваат пандемијата за свои партиски цели.
И како власт и како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ е против здравствените работници, против подобри здравствени услуги за граѓаните.