fbpx

Со успешните политики на СДСМ за само една година стапката на невработеност падна на рекордни најниски 16,6 отсто

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Успешните политики на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Зоран Заев во континуитет се потврдуваат.
 
За тоа говорат и последните податоци на Државниот завод за статистика, според кои бројот на невработените лица се намалува и е на историско најниско ниво
 
Според официјалните податоци на ДЗС во последното тромесечје на 2019 стапката на невработеност изнесува 16,6 отсто што е за 3,2 процентни поени пониска во споредба со последното тромесечје од 2018 година.
 
Споредено во проценти, стапката на невработеност за само една година во периодот 2018-2019 паднала за 3,2 проценти поени.
 
Бројните мерки за поддршка на приватниот сектор преку самовработување, субвенционирање при вработување, помошта за домашните комапнии даваат реални резултати.
 
Потврда за тоа е и фактот што за 2,5 години, од почетокот на мандатот на СДСМ, вработени се над 67.000 лица, доминатно во реалниот сектор.
 
Ова е потврда дека економијата е стабилизирана и е поставена на цврсти и реални основи.
 
Со формалното членство во НАТО и почнувањето преговори со ЕУ, дополнително ќе се интензивира економскиот раст што ќе значи уште поголем пад на невработеноста.
 
Наша цел е до крајот на следниот мандат стапката на невработеност да изнесува под 8 отсто и тоа ќе го оствариме преку чесни и одговорни политики.
 
Граѓаните тоа го препозанваат и затоа на 12 април ќе ги поддржат политиките на СДСМ за раст и напредок и ќе порачаат режим –  никогаш повеќе!
Последни вести