fbpx

Митрески: Новата влада фокусот го става на заштита на животниот стандард, платите и пензиите ќе продолжат да растат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пораката на граѓаните на сите ни е јасна, тие јасно кажуваат дека мора побрзо, мора подобро, дека може и мора поефикасно да се испорачуваат резултатите, мерките и решенијата во сите области без исклучок, истакна пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во своето обраќање на седницата во Собранието.

„Во вакви околности кога цел свет и ние се соочуваме со економските последици од корона кризата, но и во ек на европска енергетска криза со електричната енергија и со природниот гас која не не прескокнува и нас целосно се согласувам со напишаното во програмата, цврсто верувам во остварувањето на истото, а тоа е фокусот да биде ставен на заштита на животниот стандард на граѓаните. Прво, преку планираниот интервентен фонд за поддршка на населението и стопанството затоа што на тој начин единствено можат да се ублажат негативните ефекти врз цените и да се спречи т.н. и непосакуван ценовен шок. И второ, преку поставувањето на клучните постулати а тоа е економскиот раст, зголемувањето на платите и пензиите и намалување на невработеноста.

За таа цел, очекувам една од првите одлуки на новата Влада да биде поддршка на пензионерите, преку посебно зголемување на пензиите, а секако да се продолжи со подобрување на моделот за редовно усогласување на пензиите. Во овие четири и пол години, иако многу не веруваа, успеавме минималната плата да ја зголемиме за повеќе од 6.000 денари, од 9.000 на 15.200 денари. Очекувам, со договор меѓу владата, синдикатите и коморите и промена на моделот понатамошно зголемување на минималната плата што е најважно за работниците.

Успеавме платите во сите сектори да ги зголемиме, се приближуваме до 500 евра просечна плата и затоа ја сметам како реална и остварлива проекцијата дека до крајот на мандатот просечната плата ќе достигне 34.000 денари.“ посочи Митрески.

Пратеникот Митрески се осврна и на обвинувањата на пратениците од опозицијата во однос на легитимитетот на новата влада.

„За мене политички фолклор е кога некој го оценува политичкиот легитимитет на мандатарот Ковачевски да ја води владата затоа што не излегол на избори. Или политички фолклор е дека победата на локални избори треба да предизвика парламентарни избори. Тоа го нема никаде во светот. Или пак, да продолжам на ист начин, бидејќи се врзуваат локалните избори со избор на влада, да прашам, па вие тоа што го зборувате, што уште седите уште во пратеничките клупи? Нека дојдат градоначалниците и советниците, нека седнат на вашите места и тие нека носат закони, тие нека избираат влада. Во светот има бројни примери каде опозицијата добива локални избори, па никаде не чувме дека некој го спорел легитимитетот на Владата и парламентарното мнозинство. Имаме примери како во Италија каде во еден мандат на парламентарен состав се менуваат и неколку влади. И таму никој не спори ниту легитимитет ниту кредибилитет“ порача Митрески.

Последни вести