Соопштение за јавност
„Во духот на христијанството можам да им простувам на ВМРО-ДПМНЕ за вулгарностите што овој пеирод се упатени кон мене и во духот на простувањето, сакам да доделам една значка до господинот Мицксоки, македонско и НАТО знаме, согласно Уставот, за успехот на нашата земја во НАТО. Нека тоа биде симбиол дека сите ние граѓаните, Македонците, но и сите други граѓани, треба да си простуваме, да си даваме поддршка, да си даваме рака и заедно да носиме одговорност. Верувам дека во едно друго време, со некои други лидери ќе можеме да најдеме заеднички јазик за државен интерес“ порача претседателот Зоран Заев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.