Соопштение за јавност
Наместо лажни конструкции и рециклирани обвининувањa, јавноста денеска очекуваше дека на трибината на ВМРО-ДПМНЕ ќе се појавеше Христијан Мицкоски и ќе одговори на прашањата за кои молчи со денови.
Дали Мицкоски на бугарскиот премиер Кирил Петков му ги постави прашањата кои ги нарачуваше од медиумите?
Што кријат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од средбата со Петков? За што се зборувале на таа средба?
Граѓаните видоа и претходно на средба на Мицкоски со Бојко Борисов дека тој ги менува ставовите кога се среќава со официјални претставници.
Дали така било и на средбата со Петков, треба да каже самиот Мицкоски.