fbpx

Пецаков по стапките на Мицкоски, не почитува закони и протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните во време на пандемија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков додека чекал резултати од тестот за коронавирусот наместо да се изолира, свесно присуствувал на јавен настан, на одбележувањето на православниот празник Водици.

Ова е неодговорно, незрело и опасно постапување на Пецаков кој во време на пандемија свесно го загрозува јавното здравје.

Вака слично, на почетокот на пандемијата со коронавирусот, се однесуваше и Христијан Мицкоски кој не почитуваше мерки за заштита и свесно кршеше здравствени протоколи.

Очигледно дека во ВМРО-ДПМНЕ присутна е една иста матрица – по секоја цена да не се почитуваат законите и протоколите за заштита на јавното здравје.

Неколку денови по ред, Пецаков, наместо да понесе морална и лична одговорност, тој бара изговори и се служи со манипулации, само за да ја покрие својата неодговорност.

Надлежните институции мора целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите, а Пецаков да одговара за своите постапки.

Последни вести