Соопштение за јавност
Генералниот секретар Миле Зечевиќ, по повод Меѓународниот ден за сеќавање во спомен на жртвите на холокаустот, оддаде почит на загинатите со порака, ваквите најцрни историски петна никогаш да не се повторат.
„Меѓународниот ден за сеќавање во спомен на жртвите на холокаустот нѐ потсетува на еден од најтрагичните настани во човечката историја – геноцидот врз Евреите за време на Втората светска војна, предизвикан од фашизмот.
Денеска, им оддаваме почит на сите жртви, вклучувајќи ги и 7.144 Евреи од Македонија кои беа депортирани во логорот на смртта, Треблинка.
Холокаустот засекогаш ќе биде предупредување за огромните последици од омразата, нетолеранцијата, предрасудите и од газењето на основните човекови права.
Да се сеќаваме, за никогаш да не заборавиме. Да се сеќаваме за никогаш да не се повтори!“ наведе Зечевиќ.