Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ имаше покана да се вклучи во работните групи со Бугарија, Мицкоски да каже што му одговорил на Петков
Христијан Мицкоски нема државнички капацитет.
ВМРО-ДПМНЕ имаше покана да вклучи свои претставници во петте работни групи со Бугарија но тие јавно одбија да учествуваат.
Наместо да се вклучи во важни процеси од интерес на нашите граѓани и државата и активно да придонесе во барањето решенија за отворените прашања Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избраа да седат на страна.
Мицкоски и должи на јавноста одговори што му кажа на бугарскиот премиер Петков за време на неговата средба.
Особено поради тоа што Христијан Мицкоски едно зборува во јавноста а друго на официјалните средби.