fbpx

Ефикасна борба против криминалот, за три месеци запленети над три тона дрога

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерството за внатрешни работи во изминатите два месеци покажува одлични резултати во борбата против недозволеното производство и продажба на опојни дроги.

Големи полициски акции резултираа со заплена на огромна количина на опојна дрога, прекурзори и психотропни супстанци.

Во периодот декември 2021, јануари 2022 и првите денови од месец февруари, запленети се над два тона марихуана, над еден тон психотропни супстанци за производство на метформин со вредност од над 50 милиони евра, како и седум килограми хероин во вредност од 300.000 евра.

Овие податоци се доказ за успешноста и ефикасноста на Министерството за внатрешни работи во борбата против трговијата со дрога и неселективна борба против секаков вид на криминал.

Со успешните реформи, зголемените плати, новите објекти и новата опрема, денес полицијата работи помотивирано и поефикасно и е вистински партнер на граѓаните.

Ефикасна, неселективна и бескомпромисна борба против секаков вид на криминал е врвен приоритет за СДСМ, за Влада и институциите што ги предводи.

Последни вести