fbpx

Сите инволвирани во Титаник и други предмети да се повлечат од политиката, Мицкоски да поднесе оставка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски и раководствотo на ВМРО ДПМНЕ мора да си поднесат оставка.

Врхушката на ВМРО ДПМНЕ, клучните играчи на осудениот криминалец Никола Груевски, признаа дека ја користеле моќта и противзаконски влијаеле на избирачко право, непријавувале извори на финансирање на партијата и користеле недозволени средства за изборните кампањи.

Не само што 11 години ја фалсификувале волјата на граѓаните и направиле изборен криминал туку го злоуппотребиле и парите на народот.

Христијан Мицкоски кој му беше советник и генерален секретар на Никола Груевски треба да се извини, да поднесе оставка и да побара враќање на парите кај народот.

Покрај Мицкоски, сите инволвирани во Титаник и други предмети треба да се повлечат од политиката, како Милошоски, Јанушев и многу други.

Ништо не е сменето во ВМРО ДПМНЕ, двоецот Мицкоски – Груевски е без принципи, без морал.

Последни вести