fbpx

Вистинската адреса за протестите на војниците е седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, таа партија ги блокира измените на Законот за служба во Армијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Решението за припадниците на Армијата со навршени 45 години е веќе подготвено преку Законот за служба во Армијата кое се наоѓа во Собранието.

Токму овој закон со месеци е блокиран од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и оттаму вистинската адреса за денешниот протест е пред седиштето на оваа партија.

СДСМ преку Владата, министерството за одбрана и парламентарното мнозинство што го предводи во изминатите години сериозно го зајакна економскиот стандард и статусот на вработените во одбраната.

Има драстично покачување на платите, обезбедивме надомест од 8 000 денари за станарина и континуирано ги подобруваме условите за работа.

Продолжуваме да се грижите за војниците, ќе сториме се за да ги надминеме блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и потребните измени на Законот за служба во Армијата кои со нетрпение ги очекуваат сите припадници на Армијата.

Последни вести