Соопштение за јавност
Извршниот одбор на вчерашната седница го назначи Дарко Каевски за нов портпарол на СДСМ по изборот на Костадин Костадинов за градоначалник на општина Струмица.
Каевски е магистер по Право на интелектуална сопственост, а во тек се неговите докторски студии.
Дарко Каевски е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Каевски беше директор на Агенцијата за млади и спорт, претходно работел во приватниот сектор. Во периодот 2018 – 2020 беше претседател на Социјалдемократската младина СДММ.
Повеќе информациии, целосната биографија и контакт податоци се достапни на официјалната интеренет страница на СДСМ, на следниот директен ЛИНК.
Водејќи се од начелата за одговорно комуницирање, отеченост и транспарентност, портпаролите на СДСМ, Дарко Каевски и Богданка Кузеска стојат на располагање на новинарите и јавноста за прашања од каков било интерес.