Соопштение за јавност
Граѓаните да бидат спокојни, државата има задоволителна количина прехранбени производи, меѓу кои пченка и пченица.
Државата, институциите продолжуваат со редовно снабдување на државните резерви, а се разгледуваат и евентуални потреби за дополнително зајакнување на динамиката на резервите.
Нема потреба од паника, стокови резерви со храна и нафтени деривати има доволно.
Владата предводена од СДСМ сериозно и внимателно ја следи ситуацијата, граѓаните да не подлегнуваат на манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ со кои нанесуваат штета на интересите на граѓаните и на државата.