Соопштение за јавност
Граѓаните може да бидат спокојни и сигурни, нема недостаток од нафтени деривати, сосема спротивно, има доволни количини и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати.
ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да шири паника кај населението, во државата има соодветна количина прехранбени производи, пченка, стокови резерви, има се и нормално е снабдувањето.
Граѓаните да не подлегнуваат на шпекулациите и паниката која се обидува да ја шири ВМРО-ДПМНЕ, со своето неодговорно однесување.
Наместо да застане зад интересите на граѓаните и на државата ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со својата деструкција и во собранието со континуирано кочење на работата и блокирање на клучни закони и од Белиот дворец со ширење паника преку лажни вести.
Снабдувањето со гориво и прехранбени производи е непречено и нормално, ВМРО-ДПМНЕ залудно шири паника.