fbpx

Пченица има повеќе од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога немаше криза

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните да бидат спокојни. Пченица има доволно и снабдувањето е во најдобар ред, a што е најважно домашното производство е зголемено благодарение на успешните земјоделски политики на СДСМ во изминатите години.

Лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ преку кои се обидуваат да ја вознемират јавноста пропаднаа.

Во изминатите години производството не само што не е намалено, туку е и значително зголемено за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога немало криза.

Ако во 2017 година домашното производство на пченица било 195.888 тони, во 2021 година изнесувало 253.674 тони

Тоа се 50.000 тони повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ, пченица произведена во време на пандемија, енергетска криза.

Со растот на домашното производство се намалува количината на увоз на пченица кој денес е речиси 13.000 тони понизок во однос на 2017 година.

И месо има во доволни количини. Владата предводена од СДСМ и институциите преземаат мерки за унапредување на домашното производство на месо.

Следува дополнителна финансиска помош за одгледувачите на свињи, како и поддршка за сточарите, со што ќе се спречи поскапувањето на цената на месото.

СДСМ како одговорна партија и во време на криза останува посветена на поддршка на домашното земјоделство кое е едно од нашите клучни стопански гранки.

Последни вести