fbpx

Арсовска до сега требаше да ја заврши изградбата на мостот на АСНОМ, кочи проекти важни за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Петар Петковски од СДММ

Почитувани,

Првите месеци од мандатот на градоначалничката Данела Арсовска минуваат во неработа и неспособност.

Освен што не реализира свои, Арсовска стопира наследени прокети кои се важни за развојот на Градот.

Еден од нив е и мостот на булеварот АСНОМ кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба.

Мостот на АСНОМ е во поодмината фаза и Арсовска ако навистина работеше, досега тој требаше да биде завршен. Овој мост го олеснува сообраќајот во овој дел од градот и подобро ќе ги поврзе жителите од Аеродром и Гази Баба.

Но,заради лични каприци, Арсовска ја кочи неговата изградба, овде, на мостот ништо не се работи, не е изгрден ниту еден нов метар од овој важен проект.

Граѓаните не заслужуваат ваков арогантен, недоговорен однос од страна на градоначалничката.

Арсовска да ја надмине сопствената суета, да го доврши овој проект кој ќе значи унапредување на квалитетот на живот и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град.

Последни вести