fbpx

Арсовска да не се крие, да одговори дали поради дилови на Мицкоски е прекинат проектот БРТ за превоз во Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

И ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска се обидуваат да го забошотат признанието на Мицкоски дека преговарал за набавка на аботобуси за Град Скопје.

Арсовска да не се крие, да одговори во чие име и во какво својтво преговара Мицкоски за набавка на автобуси наменети за Град Скопје?

Кој го овластил Мицкоски да преговара и како е можно претседател на партија да подготвува меѓународни тендери?

Дали зад ова се кријат одредени бизнис дилови на Мицкоски па затоа Арсовска го прекина проектот Бас рапид транзит?

Надлежните институции имаат должност да го разгледаат и да постапат по овој случај.

Последни вести